Пукање во средно училиште во САД, повредени се две лица

од Nikola Popovski

Две лица се повредени денеска при пукање во средно училиште во градот Њупорт њуз во сојузната држава Вирџинија, објави полицијата.

Две ранети лица се префрлени во болница со прострелни рани, се додава во соопштението на полицијата на Љупорт њуз.

Се верува дека раните што ги добиле две лица при пукањето во гимназијата Херитиџ не се сметаат за опасни по живот, пренесува АП.

Евакуацијата на учениците е во тек и тие се префрлаат на тениските терени, каде што можат да се сретнат со своите родители, додаде полицијата.

Истрагата е во тек, а полицијата забележува дека извештаите за напаѓачи во другите училишта се лажни.

Слични содржини