Пукање во трговски центар кај Индијанаполис – има жртви (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Три лица загинаа во пукање во трговски центар во близина на Индијанаполис. Две лица се ранети, а напаѓачот е убиен од вооружен минувач.

„Вистински херој на денот е граѓанинот кој легално носел огнено оружје во тој ресторан и успеал да го спречи напаѓачот речиси веднаш штом почнал да пука“, изјави началникот на полицијата.

Тој го опиша вооружениот минувач како 22-годишен млад човек.

Уште две лица се повредени во инцидентот што се случил во раните вечерни часови, јавува „Индијанаполис Стар“.

Според извештаите, напаѓачот бил сам и имал пушка и неколку парчиња муниција.

Имињата на жртвите и идентитетот на напаѓачите не се објавени.

Слични содржини