Пукање во училиште во САД, напаѓачот е во бегство

од Nikola Popovski

Еден ученик е повреден при пукање во средно училиште во американската држава Северна Каролина, а властите трагаат по осомничениот напаѓач, соопштија официјалните лица.

Гимназијата Маунт Табор во Винстон-Салем е целосно заклучена по пукањето, но сите други ученици се безбедни, изјави портпаролката на канцеларијата на шерифот во округот Форсит.

Таа рече дека полицијата активно трага по осомничениот, но не даде дополнителни детали.

Полицијата ги блокираше патиштата кон училиштето, во кое учат повеќе од 1.500 ученици, а бројни амбулантни возила се наоѓаат околу комплексот.

Родителите ги паркираа автомобилите неколку блокови подалеку и чекаат информации.

Слични содржини