Пукање во забавен парк во Америка: Инцидент на забава за Ноќта на вештерките (ВИДЕО)

од Берта Китинска

Најмалку пет лица се повредени, од кои двајца од истрели од огнено оружје, откако избила престрелка во забавен парк во Кенивуд, Пенсилванија.

Пукањето се случило за време на настан за „Ноќта на вештерките“. Во престрелката двајца се ранети, додека другите најверојатно се повредени при бегството, пишува „Bnonews“.

Инцидентот се случил во саботата околу 23 часот.

На местото на настанот биле повикани голем број на итни служби, меѓу кои и амбулантни возила и медицински хеликоптер. Точниот број на повредени, како и идентитетот на пукачот, засега не е познат, јавија агенциите.

Слични содржини