Пукање во Савски Венац во Белград: Постои сомневање дека цел на нападот бил осуден навивач

од Илинка Илиоска
55 прегледи

Вечерва имало пукање кон Савски Венац, а цел на нападот бил осудениот навивач Никола Вавиќ, дознава Нова.рс.

Никола Вавиќ, осуден навивач, на полицијата и е познат од 2008 година за бројни кривични дела.

Според досегашните информации кои ги објавија повеќе медиуми, во негов правец бил испукан еден куршум, а под едно од возилата, најверојатно неговото,  бил пронајден експлозив кој не експлодирал.

Никола Вавиќ не е повреден во пукањето и наводно одбил да соработува со полицијата.

Тој бил член на навивачката група „Алкатраз“ предводена од неговиот брат, чија забрана своевремено побарало Републичкото јавно обвинителство, но Уставниот суд не ја прифатил таа иницијатива, пренесува Нова.

Интересно е што Никола Вавиќ е еден од осудените кои претходно беше амнестиран од тогашниот претседател на Србија, Томислав Николиќ.

Тој повторно се најде во центарот на вниманието во август годинава, за време на протестот против ископувањето литиум.

Имено, во моментот кога учесниците на протестот против Рио Тинто се поделија во две групи, по големиот собир во Теразие, со намера да блокираат две железнички станици – Нови Београд и Белград центар (Прокоп) – дел од нив завршија на шините на станицата Прокоп. Еден од учесниците на протестот го забележа Вавиќ подоцна во вечерните часови, откако на Прокоп се создаде толпа и ја блокираше пругата.

 

Слични содржини