„Пукна тиквата“ меѓу Hyundai и Apple

од Nikola Popovski

Hyundai и Apple нема да постигнат договор за заедничко лансирање на електрично возило. Информациите за неуспешните преговори веќе подолго време кружат како гласина, но сега тие добија официјален статус, откако беа потврдени од претставници на производителот на автомобили.

Причината за ова, како што сугерираат упатените, е протекување на информации. Веста за заедничкиот проект брзо стана предмет на глобален интерес, но се чини дека компанијата од Купертино остана незадоволна од фактот што неговиот таен проект се појави во медиумите.

Претставниците на Hyundai и Kia изјавија дека веќе имаат други барања од разни компании – меѓу нив има и оние за развој на автономни електрични возила.

Во меѓувреме, „Гизмокина“ известува дека в преговарал и со 6 јапонски компании за развој на автомобили.

Веста дека Hyundai и Apple се подготвуваат да потпишат договор за заеднички развој на електричен автомобил кружи во медиумите веќе неколку недели. Се шпекулираше дека договорот ќе биде потпишан на 27 февруари.

Според прелиминарните очекувања, Apple требаше да инвестира околу 3,5 милијарди долари во корејскиот производител на автомобили.

Слични содржини