Пуштен во функција блокот 1 во РЕК Битола

Блокот 1 на Термоелектраната, подружницата на АД ЕСМ, РЕК Битола, го стави во функција.

Оттаму, по синхронизацијата во текот на изминатиот ден, сега РЕК Битола, произведува електрична енергија од Блоковите 1 и 3, информираа од таму.

Меѓудругото од компанијата посочија и дека ископот на јаглед од Суводол е стабилизиран, а се зголемува и ископот во рудникот Брод Гнеотино.

„Предуслов за пуштањето на Блок 1 во погон беше огромниот ангажман на сите вработени во РЕК Битола изминатите неколку недели, особено на работниците во рудниците“, посочија.

Исто така од АД ЕСМ велат дека го одржуваат стабилен електроенергетскиот систем на државата. Во моментов компанијата ги задоволува потребите на потрошувачите со производство на електрична енергија од РЕК Битола, од хидроелектраните и од ветерниот парк Богданци.

Слични содржини