Пуштени во употреба новите амбулатски возила на Итната медицинска помош

од Vladimir Zorba

Во функција се новите шест амбулантски возила на Службата за итна медицинска помош при Здравствен дом на Скопје, реализирани со набавката на медицински возила преку Министерството за здравство. Од Здравствн дом Скопје соопштија дека прв пат по подолг временски период, службата за Итна медицинска помош во Скопје ќе има на располагање 14 возила.

По завршените административно –технички работи, во текот на вчерашниот ден сите шест амбулантски возила се регистрирани и се доопремени со потребната медицинска опрема и се во фунција на потребите на граѓаните на Град Скопје и околните места, што се под надлежност на Здравствен дом на Скопје.

Од Здравствен дом Скопје посочија дека значително се подобрува ефикасноста на Службата за итна медицинска помош, која како единствена за град Скопје и околните населени места, овозможува 24-часовна здравствена заштита во делот на вонболничка ургентна медицина и претставува прва линија за давање на здравствени услуги посебно во делот на животно загрозувачки состојби.

Соработката со Министерството за здравство продолжува со цел обезбедување целосно стручно и навремено извршување на основната дејност на Службата и добивање побрза и поквалитетна здравствена услуга, што значи постигнување скратено време на одговор на интервенција тогаш кога на граѓаните им е најнеопходна, информираат од Здравствен дом Скопје.

Слични содржини