Путин: Американските лаборатории во Украина развија биолошко оружје

од Nikola Popovski

Американските биолаборатории во постсоветскиот простор собирале биолошки материјали и ги проучувале спецификите на ширењето на опасните болести, а развиле и биолошко оружје во Украина, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин.

„Долго предупредувавме за биолошките активности на Соединетите Држави на постсоветскиот простор. Како што е познато, Пентагон создаде десетици специјализирани лаборатории и центри во нашиот регион. Нивната функција е далеку од обезбедување медицинска нега на населението на земјите домаќини“, посочил Путин.

Рускиот лидер прецизирал дека главна задача на ваквите лаборатории е да собираат биолошки примероци и да ги проучуваат спецификите на ширењето на вируси и опасните болести за свои потреби.

„Сега, за време на специјалната операција во Украина, наидовме на документирани докази дека компонентите на биолошкото оружје се направени во близина на нашите граници“, рекол Путин.

Слични содржини