Путин: Бајден е искусен политичар, односите зависат и од неговиот тимот

од Nikola Popovski

Рускиот претседател Владимир Путин оценил дека избраниот претседател на САД, Џозеф Бајден, е искусен политичар, но дека, кога станува збор за воспоставување односи со него, многу зависи од администрацијата што ќе ја формира. Сепак, тој додава дека Москва не очекува изненадувања.

Запрашан на годишната прес-конференција како би ги градел односите со Бајден, Путин одговорил:

„Не знам, работите во голема мера зависат од новата администрација. Повторувам, тој е искусен човек, тој е во политиката цел живот. Познато е дека кралот е составен од свитата, т.е. каков тим ќе има“.

Тој додал дека веќе има претенденти за клучни позиции.

„Сите ги знаеме, работевме со нив, не очекуваме изненадувања“, рече Путин.

Во меѓувреме, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков пред новинарите изјави дека не е планиран телефонски разговор меѓу рускиот претседател и Бајден или поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп.

Слични содржини