Путин: Експанзијата на НАТО кон Украина е преминување на црвената линија

од Vladimir Zorba

Рускиот претседател Владимир Путин му рече на својот белоруски колега Александар Лукашенко дека проширувањето на инфраструктурата на НАТО во Украина за Москва ќе значи дека е помината црвената линија, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Претседателот Путин порано рече дека тоа е исклучително црвена линија“, рече Песков, пренесе ТАСС.

Претходно, Лукашенко посочи дека цел корпус странски војници се распоредени во Полска, на границата со Белорусија.

„Јасно е дека каде и да распоредите војници во Полска, тие нема да бидат насочени против Германија. Тоа се странски војници, пред се американски “, објави белоруската новинска агенција Белта.

Слични содржини