Путин: ЕУ мора да гарантира дека нема да го попречува снабдувањето со гас на своите членки

од Vladimir Zorba

Европската унија мора да им обезбеди на своите членки гаранции дека Брисел нема да го спречи снабдувањето со рускиот гас во Европа преку „Турски тек“. Ова го изјави рускиот претседател Владимир Путин во интервју за српскиот весник „Политика“, во пресрет на неговата посета на Белград.

„Газпром“ развива различни варијанти за продолжението на копнениот транзитен дел од гасоводот („Турски тек“) на европско тло и еден од нив предвидува транспорт по маршрутата Бугарија – Србија – Унгарија со излез на центарот за распределба во австрискиот град Баумгартен“, рече Путин .

„Во овој случај, Србија не само што ќе го користи рускиот гас, туку и ќе го обезбедува неговиот транзит“, рече тој.

„При конечното одобрување на маршрутата за испорака на руски гас, се разбира, ќе биде земен ставот на Европската комисија“, изјави Путин.

„Ние претпоставуваме дека заинтересираните од руски гас земји членки на ЕУ треба да добијат од ЕУ гаранции дека плановите за продолжување на „Турски тек“ нема да бидат уништени од произволни политички одлуки на Брисел“, додаде рускиот претседател.

Тој истакна дека изградбата на гасоводот оди по зацртаниот распоред и се планира тој да биде целосно подготвен до крајот на 2019 година.

Слични содржини