Путин: Европјаните треба да ѝ бидат благодарни на Турција за непречениот транзит на гас од Русија

од Stefanija Kuzmanovska

Европските партнери треба да ѝ бидат благодарни на Турција за непречениот транзит на гас од Русија. Ова го изјави рускиот претседател Владимир Путин на средбата со неговиот турски колега, претседателот Реџеп Тајип Ердоган, во Сочи, пренесува „Спутник“.

Според рускиот претседател, турскиот тек е меѓу најважните рути за испорака на руски гас во Европа и функционира без проблеми.

„Не мислам само на испораките за потрошувачите во Турција, туку, сакам да повторам, и за потрошувачите во Европа. Затоа мислам дека европските партнери треба да ѝ бидат благодарни на Турција што обезбеди непречен транзит на нашиот гас на европскиот пазар“, рече Путин.

Слични содржини