Путин го покани Ван дер Белен во Москва

од Aleksandar Todeski

Рускиот претседател Владимир Путин го покани својот австриски колега Александар Ван дер Белен да присуствува на 75-годишнината од победата во Втората светска војна во Москва.

Путин покани бројни државници на јубилејната прослава во Москва, меѓу кои и српскиот претседател Александар Вучиќ, францускиот Емануел Макрон, американскиот претседател Доналд Трамп и германската канцеларка Ангела Меркел.

Австрија во Втората светска војна беше дел од Третиот рајх, чиј водач беше Адолф Хитлер роден во австрискиот град Браунау.

Ван дер Белен и Путин последен пат се сретнаа во Сочи во мај, на состанокот на билатералниот форум за дијалог „Сочи дијалог“.

Ван дер Белен тогаш го покани Путин да биде негов гостин на Фестивалот за култура во Салцбург следната година.

Путин последен пат ја посети Виена во јуни 2018 година кога присуствуваше на одбележувањето на 50-годишнината од потпишувањето на првиот договор за испорака на гас меѓу поранешниот СССР и Европа.

Слични содржини