Путин го пушти Трамп „низ вода“: Не гледам ништо криминално во бизнис врските на Хантер Бајден

од Vladimir Zorba

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека не гледа ништо незаконско во поранешните деловни врски на Хантер Бајден со Украина и Москва, откако американскиот претседател Доналд Трамп изнесе обвинувања против синот на неговиот претседателски ривал – Џо Бајден.

Путин за руската државна телевизија изјави дека е можно Хантер Бајден сепак да одржува деловни врски со Украина, но дека тој не знае точно и додаде дека тоа не се однесува на Русија, туку на Американците и Украинците, пренесува АП.

Рускиот претседател потврди дека синот на американскиот претседателски кандидат има барем една компанија која, колку што знаеше, добро се снаоѓа и дека не гледа ништо незаконско во тој поглед, врз основа на информациите со кои располага.

Запрашан да ги коментира обвинувањата на Трамп за неговата поврзаност со поранешниот градоначалник на Москва и наводната исплата што неговата вдовица ја извршила на сметката на Хантер Бајден, рускиот претседател рече дека не знае ништо за тоа.

Во интервјуто, Путин зазема помалку пријателски однос кон Трамп, кого претходно го пофали за тврдењето дека сака подобри врски со Москва. Тој тогаш рече дека Русија ќе соработува со кој било лидер на САД, истакнувајќи дека Бајден заговара „остра антируска реторика“.

Рускиот претседател ја коментираше дебатата меѓу двајцата претседателски кандидати во САД, во која Трамп ги обвини својот ривал и неговиот син за учество во неетички работи во Украина.

Доказите за поддршка на овие тврдења не беа дадени и Бајден ги отфрли како неосновани.

Слични содржини