Путин и Ердоган се договорија дел од гасот да се плаќа во рубљи

од Nikola Popovski

Претседателите на Русија и Турција, Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган денеска се сретнаа во Сочи.

Tие се договориле дел од плаќањето за рускиот гас да биде во рубљи, пренесе Интерфакс, повикувајќи се на рускиот вицепремиер Александар Новак.

За време на четиричасовната средба во црноморското одморалиште Сочи, двајцата лидери се договориле и за подобрување на соработката во областа на транспортот, земјоделството и градежната индустрија, пренесе ТАСС.

-Тие, исто така, ја истакнаа потребата да се обезбеди спроведување на Договорот за житото од Истанбул, вклучително и непречен извоз на руското жито, наведено е во заедничкото соопштение на Путин и Ердоган.

Фото: ТАСС

Слични содржини