Путин и Ким разменија мечеви и испратија пораки на моќ

од desk2

0Рускиот претседател, Владимир Путин и севернокорејскиот лидер, Ким Јонг-ун, првпат се сретнаа во Владивосток и притоа си разменија подароци. Лидерите на двете земји си подарија еден на друг мечеви.

Според „Раша тудеј“, Ким Јонг-ун во моментот кога му го даваше подарокот на Путин зборуваше за моќта на својата земја.

Најмногу внимание на Ким му привлече сабјата што му ја подари Путин, а фотографиите од тој настан беа објавени од светските медиуми.

За да се избегне лоша среќа, Путин, покрај сабја, му даде и паричка, а потоа и Ким го стори истото.

Во рацете на Владимир Путин се најде традиционален корејски меч.

-Тој ја претставува силата, тој ја претставува душата, мојата и на нашите луѓе, кои ве поддржуваат-рече водачот на Северна Кореја.

Ким и Путин се состанаа првпат во вторникот. Средбата траеше двојно повеќе од очекуваното. Тие разговараа за билатералните односи, сегашната ситуација и за перспективите за нивниот развој.

Слични содржини