Путин и Медведев синоќа ги договориле санкциите спрема Турција- како за почеток “Јужен поток” и “нуклеарните реактори”

од desk3

Русија ќе преземе економски санкции спрема Турција заради соборувањето на рускиот авион Су-24. Ова стана јасно по денешната седница на руската влада.

Dmitry-Medvedev-Putin

Одлуката беше лично најавена од рускиот премиер Дмитриј Медведев, покажува стенограмот на сајтот на руската влада. Мерките се наметнуваат според параметрите на Законот за специјални економски мерки, стапувајќи од 2006 година во Русија.

Според зборовите на Медведев одлуката е усогласена со рускиот претседател Владимир Путин, а тоа се случило во разговор меѓу двајцата доцна синоќа. Затоа сега руската влада ќе изготви план за акција против Турција во економски аспект.

Медведев експлицитно прецизира дека ќе се подготви прекин на преговорите со Турција во врска со “превентивните режими” на инвестиции. Може да бидат прифатени и рестрикционни мерки за инвестициски проекти, за кои соработката со Турција треба да е со “висок степен на доверба”. Таквите проекти можат да бидат замрзнати или активностите за нив минимизирани. Медведев даде два дена рок на различните министерства да подготват планови кои проекти со Турција во соодветните економски области можат да бидат oткажaни.

Ердоган:Срам да ви е, Турција не соработува со џихадистите

Потсетуваме дека во моментов Русија и Турција работат на реализација на два големи инфраструктурни проекти – гасоводот “Турски поток” и нарачаните на руската државна компанија “Росатом” четири нуклеарни реактори со моќност 1 200 мегавати на вкупна вредност од 20 милијарди долари за нуклеарката “Акјују “.

Во суштина Законот за посебните економски мерки овозможува на руската држава да спроведува економски активности на своја територија “при настанување на околности кои наметнуваат итна реакција”. За такви околности се сметаат непријателски активности кон Русија од странска држава. Специјалните економски мерки имаат привремен карактер.

Во кругот на мерки кои може да ги преземе Руската Федерација, влегува делумното или целосното прекинување на билатерални економски програми, приврзаност или ограничување на финансиски операции од страна на физички и / или правни лица на руска територија од државата-агресор, како и прекин на обврските на Русија по меѓународни договори, по која и да е држава, која дејствувала “непријателски” спрема Руската Федерација.

Потсетуваме дека вчера, 25 ноември, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров експлицитно рече дека турските извозници за Русија нема да настрадаат од активностите на турската држава. Неколку часа подоцна Медведев посочи дека инцидентот на турско-сириската граница ќе доведе до влошување на економските и хуманитарните односи меѓу Русија и Турција.

Слични содржини