Путин и оваа година за Богојавление влезе во ледена вода (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

И оваа година, претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, не пропушти да се нурне во ледената вода и со тоа да го одбележи празникот Богојавление – Водици.

Иако не плива за Светиот крст, 68-годишниот претседател го одбележува празникот и не ја избегнува ледена вода.

Од година во година, претседателот на Русија, без двоумење, влегува во водата без оглед на температурата на водата и воздухот и другите временски услови.

Така беше и оваа година. Путин нурна три пати и се прекрсти.

Слични содржини