Путин: Идеите од кинескиот мировен план за Украина може да се користат како решение

од Vladimir Zorba

Многу идеи од кинескиот мировен план за Украина може да се искористат како основа за решение, најави денеска рускиот претседател Владимир Путин по разговорот со кинескиот претседател Си Џинпинг.

„Веруваме дека многу од одредбите на мировниот план претставен од Кина се во согласност со пристапот на Русија и може да се користат како основа за мировно решение, кога Западот и Киев ќе бидат подготвени“, рече Путин, пренесува ТАСС.

Во исто време, тој истакна дека од другата страна „засега нема таква подготвеност“ и дека Западот се бори во Украина „до последниот Украинец“.

Слични содржини