Путин изрази сочувство до семејствата на убиените во Казан

од Stefanija Kuzmanovska

Рускиот претседател Владимир Путин изрази сочувство до семејствата на загинатите во пукањето во Казан и им посака брзо закрепнување на повредените ученици, изјави портпаролот на шефот на државата, Дмитриј Песков.

Песков изјави дека директорот на Федералната служба за безбедност, Александар Бортњиков, доставил извештај до Путин за инцидентот во училиштето.

Путин телефонски разговарал и со премиерот Михаил Мишустин, вицепремиерката Татјана Голиков и министерот за вонредни состојби Евгениј Зиничев за состојбата во училиштето во Казањ.

Рускиот претседател исто така му нареди на шефот на Националната гарда, Виктор Золотов, итно да развие нова регулатива за видовите оружја што се дозволени за цивилен промет, додаде Песков.

Според Песков, оваа наредба е издадена „земајќи го предвид видот на малокалибарското оружје кое го користел напаѓачот“ во Казан.

„Станува збор за фактот дека понекогаш малокалибарското оружје се регистрира како ловечко оружје, кое се користи како пушка во некои земји итн. Тоа, исто така, итно ќе го разработи Росгардија“, објасни портпаролот на Кремљ.

Во пукањето што се случи во училиштето во Казан беа убиени единаесет лица – десет ученици и наставник, беше објавено претходно.

Слични содржини