Во текот на денешниот говор за припојувањето на украинските територии кон Украина, рускиот претседател Владимир Путин се осврна и на ЛГБТ заедницата.
Во својот говор, Путин го цитираше Исус и ги нападна ЛГБТ+ лицата, велејќи дека тие ги газат традиционалните вредности.
„Таквото негирање на човекот и газење на верата и традиционалните вредности добиваат карактеристики на отворен сатанизам“, рече Путин.
Церемонијата на потпишување на указот во Москва доцнеше повеќе од половина час, по што Владимир Путин се појави во преполната палата во Кремљ. Тој одржа говор кој траеше околу 40 минути, по што беше потпишан указот.
На почетокот на својот говор Путин истакна дека жителите на Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје јасно ја изразиле својата волја, а тоа е дека сакаат да бидат дел од Русија.
„Знаете дека референдуми се одржаа во Доњецк, Запорожје, Херсон и Луганск. Гласовите се преброени и народот одлучил, без никакво сомневање. Денеска ќе ги потпишеме договорите за анексија. Ова е волја на милиони луѓе“, рече Путин.
Фото: Григорий Сысоев, РИА «Новости»