Путин ја затвора Русија на десет дена

од Nikola Popovski

Рускиот претседател Владимир Путин денес објави дека во мај десет дена ќе бидат неработни со цел да се запре епидемијата на корона во таа земја, пренесе агенцијата АФП.

Предлогот да не се работи десет дена дошла од шефот на руската Служба за заштита и надзор на потрошувачите, Роспотребнадзор, Ана Попова.

– Ако вие сметате дека е потребно, ајде да го сториме тоа. Ќе го потпишам указот денес – рекол Путин.

Русија е петта најтешко погодена земја во светот со повеќе од 4,7 милиони заразени од почетокот на епидемијата.

Слични содржини