Путин: Капитализмот е надминат, само суверени држави можат да одговорат на предизвиците

од Nikola Popovski

Во светот започна ерата на промени, и тие стануваат подлабоки и пофундаментални, изјави претседателот на Русија, Владимир Путин. Тој додаде дека светот преживуваl цивилизациска криза во изминатите децении.

„Трансформацијата, на која ние сме сведоци и учесници, има поинаков профил во споредба со оние што се случиле неколку пати во историјата на човештвото“, рече тој.

Тоа не е едноставно поместување на рамнотежата на силите или научно-технолошка промена, туку системски промени во сите правци – од сè покомплицираната геофизичка состојба на нашата планета до сè попарадоксални толкувања за тоа што е човекот и каква е смислата на неговото постоење, додаде тој.

„Последната деценија многу потсетува на кинеската поговорка: „Не дај Боже да живеете во време на промени“. Но, ние веќе живееме во таа ера, сакале ние или не. А промените стануваат подлабоки и пофундаментални“, рече рускиот претседател во говорот во меѓународниот дебатен клуб „Валдај“ во Сочи.

Исто така забележа дека светот веќе требало да се навикне на непредвидливоста, но тоа не се случило.

Според него, светот се уште не стекнал основа во новата рамнотежа.

„Го баравме тоа упориште, но мораме да признаеме дека сè уште не успеавме да го најдеме, а оние кои се чувствуваа победници по Студената војна неодамна почувствуваа дека, без разлика што се искачија на самиот Олимп, земјата им се лизга под нозе“, рече рускиот претседател.

Путин, исто така, оцени дека постојниот модел на капитализам се надминал самиот себе.

„Во тој модел нема излез од замрсениот круг на противречности“, посочи тој.

Според рускиот претседател, само суверени држави се способни да одговорат на барањата и предизвиците на граѓаните.

Според него, безбедноста е главниот императив во светот денес, а денешната состојба во светот е производ на неизградбата на меѓународните односи по Студената војна.

Слични содржини