Путин: Ќе му ги извадиме забите на секој кој ќе се обиде да „одгризе“ дел од нашата територија

од Stefanija Kuzmanovska

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека некои непријателски земји сонуваат за тоа да „одгризат“ дел од руската територија и ги предупреди дека ако некогаш се обидат, Москва ќе им „ги извади забите“.

За време на состанокот со официјални лица, рускиот претседател истакна дека напорите од странство да го попречат развојот на Русија датираат со векови.

„Истата работа се случувала во сите времиња: кога Русија се зајакна, тие најдоа изговор да го попречат развојот на Русија“, рече Путин, истакнувајќи дека некои критичари на Русија, за кои тој не ги именуваше, тврдат дека не е фер Русија да ги чува своите огромни природни богатства за себе.

„Сите сакаат да не гризнат или да ни одгризат нешто, но оние кои би го сакале тоа треба да знаат дека ќе им ги извадиме забите за да не можат да гризат. Развојот на нашата армија е гаранција за тоа“, рече рускиот лидер.

Слични содржини