Путин ќе работи за време на празниците

од Vladimir Zorba

Рускиот претседател Владимир Путин нема да ја прекинува неговата работа за време на празниците, откако за следната недела не се планирани големи настани, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков за „Спутник“.

„Ќе има работни денови (за Путин), без некои поголеми настани. Работните состаноци се постојани, не се прекинуваат. Никогаш не зема слободни денови за никакви празници“, рече Песков.

Тој додаде дека во блиска иднина се планираат контакти меѓу рускиот претседател и странски лидери, но дека е тешко да се планираат патувања во други земји поради коронавирусот.

Празниците ќе започнат во Русија на 31 декември – тој ден е прогласен за неработен во практично сите региони.

Слични содржини