Путин кон Западот: „Вашата енергетска политика ве води кон економско самоубиство“

од Vladimir Zorba

Рускиот претседател, Владимир Путин ја нарече западната енергетска политика „економско самоубиство“.

Со отфрлањето на рускиот гас и нафта, Европа систематски, на долг рок, станува регион со највисоки цени на енергијата во светот, рече претседателот на Русија.

– Ова, на најсериозен начин, според некои експерти, може неповратно да ја поткопа конкурентноста на значителен дел од европската индустрија, која веќе заостанува зад компаниите од другите региони во светот – рече Путин.

Слични содржини