Путин: Лично побарав да му се обезбеди третман на Навални во Германија

од Vladimir Zorba

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека тој лично интервенирал за рускиот опозиционер Алексеј Навални да добие медицинска помош во Германија.

Во обраќањето на 17-от Меѓународен форум во Валдаи, Путин рече дека тој лично побарал од државниот обвинител на Русија да му дозволи на Навални да ја напушти земјата, по барањето испратено од сопругата на рускиот опозиционер.

„Забрането му е патување за време на судската истрага и кривичното дело, но јас сепак побарав од Обвинителството на Русија да го одобри неговото заминување од земјата и тој замина“, потенцираше Путин.

Путин спомена дека Москва нема да дозволи Навални да замине ако некој во Русија сака да го отруе.

Навални беше пуштен од болницата минатиот месец.

На 20 август, на Навални му се слоши во авион во Сибир, по што беше пренесен во Берлин, каде лекарите утврдија дека опозиционерот бил отруен со нервниот агенс „Новичок“.

Опозицијата го обвини Путин дека стои зад неговото труење, што Кремљ го отфрли како лажно и навредливо обвинение.

Слични содржини