Почетна / Глобално / Путин: Мислам дека Зеленски е фин човек

Путин: Мислам дека Зеленски е фин човек

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека смета оти украинскиот претседател Владимир Зеленски навистина сака да ја подобри ситуацијата во југоисточна Украина.

На прашањето каков е неговиот однос со Зеленски, Путин рече дека го нема бидејќи никогаш не го запознал ниту го видел.

– Разговаравме по телефон. Мислам дека тој е фин човек, љубезен. Мислам дека сака да ја смени ситуацијата кон подобро, особено во Донбас, рече Путин и додаде дека сè уште не знае дали тој ќе може да го стори тоа.

loading...