Путин: Мораме да ја забрзаме кампањата за вакцинација

од Milan1

Рускиот претседател Владимир Путин вчера изјави дека Русија мора да ја забрза својата кампања за вакцинација против Ковид-19.

-Вакцинацијата ги штити луѓето од инфекции, од сериозни симптоми и ние мора да го забрзаме темпото, рече Путин.

Русија во вторникот пријави 973 смртни случаи од последиците од коронавирусот, што е најголем дневен број од почетокот на пандемијата, а истовремено имаше и 28.190 новозаразени лица.

Кремљ смета дека бројот на заразени расте затоа што не се вакцинирани доволно луѓе.

-Главната карактеристика на сегашниот бран е брзото зголемување на бројот на случаите, како и големиот број пациенти чија инфекција покажува брза прогресија во текот на два или три дена и бара реанимација, рече министерот за здравство Михаил Мурашко.

 

Слични содржини