Путин му се извини на Израел за изјавата на Лавров дека Хитлер бил Евреин

од Nikola Popovski

Рускиот претседател Владимир Путин му се извинил на израелскиот премиер за неодамнешната скандалозна изјава на неговиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Рускиот министер за надворешни работи во интервју за италијанска телевизија во неделата изјави дека нацистичкиот диктатор Адолф Хитлер има еврејски корени, додавајќи дека „најжестоките антисемитисти обично се Евреи“.

Следуваше бесна реакција на Израел. Шефот на дипломатијата на таа земја изјавата на Лавров ја нарече „непростлива и скандалозна“, а на разговор беше повикан и рускиот амбасадор во Израел. Израел бараше Русија да се извини.

Според израелскиот новинар Барак Равид, повикувајќи се на соопштение од кабинетот на израелскиот премиер, Владимир Путин денеска му се извинил на израелскиот премиер Нафтали Бенет за изјавите на Сергеј Лавров.

Слични содржини