Путин: Надворешниот притисок кон Белорусија е без преседан

од Vladimir Zorba

Рускиот претседател Владимир Путин денес го осуди „надворешниот притисок без преседан“ врз Белорусија.

„Белорусија се најде во тешка ситуација, во услови на невиден надворешен притисок по претседателските избори“, рече Путин во видео обраќање пред учесниците на руско-белорускиот форум.

Белорусија ја тресат протести од почетокот на август по реизборот на белорускиот претседател Александар Лукашенко, кој управува со земјата од 1994 година. Лукашенко побара помош од Владимир Путин, а рускиот претседател вети безбедносна поддршка на Минск, доколку е потребно, и заем од 1,5 милијарди долари.

Путин денес оцени дека односите меѓу Русија и Белорусија „се засноваат на цврсти темели“.

Слични содржини