Путин нареди засилена безбедност околу руската граница

од desk4
263 прегледи

Владимир Путин нареди засилена безбедност околу руската граница по зголемените напади во земјата.

Вчера, официјални лица соопштија дека три лица се повредени во украинското гранатирање во Белгород – регион кој беше цел на проукраинските борци и претходно оваа недела.

Руските региони Курск и Белгород кои се граничат со Украина се најчеста цел на напади.

Рускиот претседател рече дека потегот за зајакнување на безбедноста е да се обезбеди „брзо“ воено и цивилно движење во украинските региони кои сега се под контрола на Москва.

„Неопходно е да се обезбеди брзо движење и на воените и на цивилните возила и товарот, вклучувајќи храна, градежни материјали за хуманитарна помош испратени до новите субјекти на руската федерација“, рече Путин во пораката објавена на каналот Телеграм на Кремљ. .

Керсон, Запорожје, Луганск и Доњецк се четирите региони во Украина за кои Москва објави дека се анектирани минатиот септември, по она што Западот го осуди како лажни референдуми.

Слични содржини