Путин: Настаните во Донбас потсетуваат на геноцид

од Milan1

Рускиот претседател Владимир Путин вчера изјави дека ситуацијата во Донбас потсетува на геноцид.

„Јасно е и тој знае што се случува во Донбас во моментов. Ова, се разбира, многу потсетува на геноцид, за кој зборувавте“, изјавил Путин во обраќањето до Кирил Вишински, украински новинар и поранешен директор на сестринската агенција на „Спутник“ РИА „Новости Украина“.

Путин го даде овој коментар на состанокот на Рускиот совет за развој на граѓанското општество и човековите права, чиј член е и Вишински.

Претседателот на Русија рече дека русофобијата е првиот чекор кон геноцид и нагласи дека е неопходно да се дејствува „многу внимателно за да не се девалвира значењето на овие концепти“.

Путин додаде дека, за жал, овие концепти се одраз на реалноста на настаните на теренот и дека тоа треба да се земе предвид.

Слични содржини