Путин нема да оди по стапките на Бајден: Нема да се вакцинира во живо

од Nikola Popovski

Фактот што новоизбраниот претседател на САД, Џозеф Бајден, ја прими вакцината против вирусот корона пред ТВ-камерите не е причина за рускиот претседател да направи такво нешто во јавноста, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

На прашањето дали потегот на Бајден може да биде еден вид мотив Путин да го стори истото, Песков пред новинарите изјавил:

„Апсолутно не“.

Тој додал дека претседателот постојано се занимава со прашањето за вакцинацијата во Русија и дека тој е иницијаторот кој ги турка сите институции да спроведат вакцинација во сите руски региони.

Тој самиот објасни зошто нема да се вакцинира сега за време на неговата голема годишна прес-конференција, посочи Песков.

„Вакцината сè уште не стигнала до луѓе како мене. Ги слушам препораките на нашите специјалисти, но се уште ги немам добиено. Но, дефинитивно ќе го сторам тоа што е можно поскоро“, рече Путин минатата недела.

Бајден ја прими вакцината на Фајзер и Бајонтек во присуство на медиумите.

Слични содржини