Путин: Нема потреба од дополнително регрутирање војници

од Vladimir Zorba

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека нема потреба од дополнително регрутирање војници како дел од делумната мобилизација.

За време на средбата меѓу претседателот на Русија и мајките на војниците кои учествуваат во специјална воена операција во Украина и по изјавата на една жена од Краснодар дека има четири сина и дека два сина и нејзиниот сопруг учествуваат во, како што ја нарекуваат, „специјална воена операција“ како волонтери, Путин ја разјасни ситуацијата.

„Нема потреба, нема потреба, доста е“, одговорил Путин и додал дека треба да и се врати еден од нејзините синови, пренесува РИА Новости.

„Тие веќе се бореа на фронтот“, рече Путин.

Слични содржини