Путин нуди бесплатна вакцина против коронавирус на официјалните лица на ООН (видео)

од Nikola Popovski

Рускиот претседател Владимир Путин по петти пат се обратил пред Генералното собрание на Обединетите нации. Овој пат, говорот на рускиот лидер не бил слушнат од трибината на конференциската сала, туку од екранот – во виртуелен формат.

Претседателот на Русија се осврнал на зголемените закани во светот: тероризмот и трговијата со дрога. Сепак, најголемиот проблем е пандемијата на коронавирус.

„Засега не е можно да се процени степенот на шок како резултат на коронавирусот. На глобалната економија ќе и треба долго време за да закрепне“, рече Путин, додавајќи дека за тоа ќе бидат потребни нестандардни решенија.

Според претседателот, Русија е отворена за партнерство во борбата против вирусот и предлага да се одржи видео конференција за вакцините. Тој предложил на официјалните претставници на ООН да им се дадат бесплатни вакцини против вирусот.

„Русија е подготвена да им ја обезбеди на официјалните лица на ООН целата неопходна квалификувана помош. Меѓу другото, предлагаме да ја предадеме нашата вакцина бесплатно за доброволно вакцинирање на службеници на ООН и нејзините сектори“, рекол рускиот лидер.

Путин истакнал дека вакцината против коронавирусот треба да биде достапна за сите во догледно време.

Слични содржини