Путин: Нуклеарна војна никогаш не треба да започне

од Vladimir Zorba

Русија и Казахстан тргнуваат од фактот дека никогаш не треба да се започне нуклеарна војна, се вели во заедничката декларација по повод 30-годишнината од дипломатските односи меѓу двете земји, која денеска ја потпишаа претседателите Владимир Путин и Касим Џомарт Токаев.

„Руската Федерација и Република Казахстан произлегуваат од фактот дека не може да има победник во нуклеарна војна и дека никогаш не треба да се започне“, се наведува во документот објавен на веб-страницата на Кремљ, пренесе ТАСС.

Путин се сретна во Кремљ со Токаев и рече дека Москва цени што Токаев е во прва странска посета на Русија по реизборот.

„Денешната посета е од посебно значење, ова е прва посета на Токаев откако беше реизбран за претседател на Казахстан и е од симболично значење, бидејќи ја нагласува посебната природа на нашите односи“, рече Путин, додавајќи дека Русија го цени тоа многу.

Заедничката декларација беше потпишана од претседателите на Русија и Казахстан во Москва по нивните разговори.

Во декларацијата се наведува дека Русија и Казахстан имаат намера да ја продолжат соработката меѓу вооружените сили во различни формати.

Претседателот на Русија истакна дека во последно време редовно се среќава со Токаев и дека последен пат двајцата се сретнале на самитот на Организацијата на Договорот за колективна безбедност (ОДКБ) во Ереван.

„Секогаш ги користиме нашите состаноци за да разговараме за актуелните настани“.

Тој укажа на значителниот трговски промет меѓу пограничните области на двете земји, кои, како што рече, „повеќе се свесни за можностите меѓусебно и ги развиваат тие односи“.

„Работевме и во нашата традиционална и во високотехнолошка сфера, што е од витално значење за иднината“, нагласи Путин.

Слични содржини