Путин одговори на гласините дека има вила од милијарда евра: „Перење мозок на Русите“ (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Рускиот претседател Владимир Путин денес ги демантираше гласините дека поседува палата во Геленџик на Црното Море, наведувајќи дека таа палата не му припаѓа нему или на кој било член на неговото семејство.

На состанок преку Интернет со студенти, Путин рече дека не го гледал видеото објавено од тимот на опозиционерот Алексеј Навални минатиот викенд, пред се поради недостаток на време, и смета дека гласините за палатата биле искористени за да се „испере мозокот“ на Русите.

„Не го гледав целиот филм, туку само деловите што ми ги подготвија соработниците. Ништо од сниманото во филмот не ми припаѓало на мене или на некој од моите блиски роднини. Никогаш“, рече Путин.

Во исто време, тој го насочи вниманието на фактот дека секој имот од овој тип има одредена документација и податоци за финансиските трансакции и дека не може, а да не остане трага во книгите за тоа.

Видеото објавено на Јутјуб каналот на Алексеј Навални на 19 јануари прикажува имот и вила покрај Црното Море. Тимот на Навални објави видео во кое се наведува дека луксузната „палата“ е изградена за претседателот Путин преку комплицирана шема на корупција.

Навални тврди дека Путин има хокејско поле, кино, стриптиз клуб, казино, подземна црква, во „морето на луксузни објекти“ во неговата резиденција.

Наводно, изградбата чинела една милијарда евра и опфаќа 7.000 хектари.

Слични содржини