Путин: Опстанокот на Русија зависи од војната во Украина

од Stefanija Kuzmanovska

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека опстанокот на Русија како земја зависи од војната во Украина.

Обраќајќи им се на работниците во фабриката за авиони, Путин ги повтори тврдењата дека Западот е подготвен да ја уништи Русија. Тој претходно го обвини Западот дека ја користи Украина како средство за нанесување „стратешки пораз“ на Русија, пишува Sky News.

„Значи, за нас тоа не е геополитичка задача, туку задача за опстанок на руската државност, создавање услови за идниот развој на земјата и нашите деца“, нагласи рускиот лидер.

Тој тврди дека руската економија зајакнала по воведувањето на санкциите. Тој го поздрави, како што рече, новооткриениот „економски суверенитет“ и рече дека руските финансиски системи се подобри и покрај очекувањата на Западот дека ќе пропаднат.

Слични содржини