Путин потпиша нови закони: Доживотен затвор за саботажа

од Stefanija Kuzmanovska

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша закон кој предвидува кривична одговорност, вклучително и доживотен затвор, во случај на создавање диверзантска група на територијата на Русија, обука за саботажа и учество во саботажа, нивно финансирање и пропаганда.

Еден од авторите на законот, претседателот на Комитетот за безбедност на Думата, Василиј Пискариев, цитираше податоци од Канцеларијата на главниот обвинител дека бројот на диверзии во Русија е зголемен за повеќе од 20 пати – минатата година имаше една диверзија, оваа година 21 , објави „Спутник“.

Путин потпиша и закон со кој се утврдува дека сопственик на интернет услуга за објавување реклами со дневна публика од над 100.000 корисници може да биде или правно лице или државјанин на Руската Федерација кој нема државјанство на друга земја.

Слични содржини