Путин потпиша нови закони, целта е да се ослаби влијанието на социјалните мрежи

од Vladimir Zorba

Рускиот претседател Владимир Путин денеска потпиша низа закони со кои на државата и беа дадени нови овластувања, а нивната цел е да ги ограничат активностите на големите американски социјални мрежи, да ги класифицираат поединците во категоријата странски агенти и да спречат откривање на лични податоци на припадници на безбедносните служби.

Новите закони, кои исто така дозволуваат ограничување на протестите, му даваат можност на 68-годишниот Путин да се кандидира за уште два шест годишни мандати во Кремљ наместо да поднесе оставка во 2024 година, како што требаше да биде во согласност со законот, пренесува „ХИНА“.

Поради другите реформи, како што беше доделувањето на доживотен имунитет на поранешните претседатели, аналитичарите долго време шпекулираа за плановите на Путин, бидејќи односите меѓу Москва и Западот повторно се затегнати по наводниот обид да се отруе големиот критичар на Кремљ, Алексеј Навални.

Поголем суверенитет на Русија на Интернет

Еден од новите закони и дозволува на Русија да блокира или ограничи пристап до веб-страниците што „дискриминираат“ против руските медиуми, како дел од кампањата на Путин насочена кон зголемување на „суверенитетот на Русија преку Интернет“.

Твитер означува некои руски медиуми како „медиуми блиски до државата“, што е потег што официјална Москва го смета за навредлив. Оние кои го поддржуваат новиот закон поднесуваат жалби за предрасудите изразени од Фејсбук, Твитер и ЈуТјуб.

Вториот закон воведува големи казни до 20% од прометот од минатата година за веб-страници со седиште во Русија, кои повторно не отстрануваат забранета содржина, што, според руските законодавци, и ЈуТјуб и Фејсбук често го избегнуваа да го прават.

Третата регулатива забранува откривање на лични податоци на припадници на руските безбедносни служби, снимки што понекогаш „протекуваат“ на Интернет, а потоа новинарите ги користат за време на следењето на тајните операции.

Другите нови закони ќе овозможат воведување на двегодишна затворска казна за клевета на социјалните мрежи, како и воведување нови регулативи што ќе забранат финансирање на протести на т.н. странски агенти. Исто така, новата регулатива овозможува забрана за некои собири.

Благодарение на новиот закон, владата ќе може да обележува поединци како странски агенти во согласност со новите овластувања и да ги испраќа во затвор пет години доколку не ги пријават правилно своите активности.

Слични содржини