Путин потпиша закон за доживотен имунитет на поранешните претседатели

од Stefanija Kuzmanovska

Рускиот претседател Владимир Путин денес потпиша нов закон со кој на поранешните руски претседатели им се дава доживотен имунитет, а не само за време на нивниот мандат.

Законот наведува дека ниту еден поранешен руски претседател „не може да биде гонет кривично или административно“. Полицијата нема да може да ги апси и испрашува поранешните претседатели или да ги претресува нивните домови, пренесува „Бета“.

Претходната верзија на законот им нудеше имунитет на поранешните руски претседатели, само за дела сторени за време на нивниот мандат.

Сепак, постои можност за укинување на имунитетот на поранешен претседател, доколку тој е обвинет за велепредавство или други тешки кривични дела.

Новиот закон ќе им овозможи на поранешните претседатели да имаат место во горниот дом на парламентот, што исто така нуди имунитет.

Новиот закон е дел од уставните измени што граѓаните ги одобрија на референдум ова лето.

Тие уставни измени му даваат можност на Путин да остане на власт до 2036 година.

Слични содржини