Путин предлага лидерски самит за светски теми

од Aleksandar Petrovski

Рускиот претседател Владимир Путин денеска предложи да се одржи самит на лидерите од Русија, Кина, САД, Франција и Велика Британија во 2020 година, за да разговараат за светските прашања.

– Занемарувањето на минатото во врска со заканите може да има сериозни последици, рече Путин на петтиот Светски форум за холокаустот, пренесе руската агенција ТАСС.

Тој истакна дека е неопходно да се има храброст не само да се каже тоа директно, туку и да се стори сé што е во моќта на лидерите за да се заштити и одбрани мирот.

Според него, петте сили кои имаат посебна одговорност за зачувување на цивилизацијата можат и мора да дадат пример.

Путин рече дека со некои колеги веќе разговарал за идејата.

Тој предложи состанокот да се одржи во која било земја што колегите сметаат дека е соодветно место.

Слични содржини