Путин: Првата вакцина против коронавирусот регистрирана во Русија

од Vladimir Zorba

Рускиот претседател Владимир Путин објави дека првата вакцина против коронавирусот е регистрирана во Русија.

„Колку што знам, утрово за прв пат во светот е регистрирана вакцина против коронавирусот“, рече Путин на средбата со членовите на владата.

Претседателот истакна дека знае дека вакцината делува доста ефикасно, се формира стабилен имунитет и ги поминала сите потребни проверки.

Слични содржини