Путин: Работата на стратешкиот договор со Иран е во завршна фаза

од Stefanija Kuzmanovska

Работата на нов голем договор меѓу Русија и Иран е во завршна фаза и тој документ ќе го означи преминот на односите меѓу двете земји на ниво на стратешко партнерство, изјави денеска рускиот претседател, Владимир Путин, на средбата со неговиот ирански колега, Ибрахим Раиси, на маргините на самитот на Шангајската организација за соработка во Самарканд.

Путин, исто така, најави дека следната недела во Иран ќе отпатува руска деловна делегација, во која ќе има претставници на околу 80 компании, пренесува РИА Новости.

Претседателот на Русија рече дека односите меѓу Русија и Иран се развиваат на сите полиња и посочи дека трговскиот промет минатата година е зголемен за 81 отсто, а во првите пет месеци од годинава за уште 30 отсто.

Слични содржини