Путин: Распуштањето на владиниот кабинет не е нешто необично

од Nikola Popovski

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека оставката на рускиот премиер и распуштањето на кабинетот не се неочекувани, но тој сè уште не ги објаснува причините за овој потег.

Во интервју за државната новинска агенција Тас, првиот дел од кој беше објавен во четвртокот, тој рече дека нема „ништо невообичаено или неочекувано“ вп разрешувањето на владата, пренесува Бета.

Промената се случи неколку часа откако Путин најави контроверзна уставна реформа на 15 јануари за време на своето годишно обраќање пред нацијата.

Во денешното интервју, Путин рече дека претходно разговарал за реконструкцијата со Медведев, бидејќи тие имаат „отворена и пријателска“ врска.

„Ние не чуваме тајни едни од други, затоа разговаравме за тоа“, рече рускиот претседател.

На прашањето зошто одлучи да го разреши кабинетот назначен во 2018 година, Путин рече дека владата „навистина направила многу“, но смета дека на кабинетот му биле потребни „луѓе со модерна обука и посветеност во постигнување на целокупната цел“.

Тој одби да каже кој, освен него и Медведев, знаел за одлуката.

Слични содржини