Путин: Русија ќе ја зајакнува нуклеарната индустрија

од Stefanija Kuzmanovska

Русија планира да го зајакне потенцијалот на нуклеарната индустрија, соодветно одговарајќи на геополитичките и технолошките предизвици, истакна рускиот претседател Владимир Путин по повод Денот на работниците во нуклеарната индустрија, пренесе „Спутник“.

„Историјата докажува дека ваквите големи достигнувања, во сфера како што е нуклеарната индустрија, не се случајни. „Зад нив стојат научни и инженерски школи, работа за десетици компании и илјадници луѓе, квалитетно образование и систематско обучување на кадрите“, рече претседателот Путин.

Тој подвлече дека динамичниот развој на домашниот нуклеарен комплекс денес, како и враќањето на престижот и привлечноста на работата за младите во оваа сфера, докажуваат дека „Русија има потенцијал“. „И ние доследно ќе го зајакнуваме, соодветно одговарајќи на геополитичките и технолошките предизвици на 21-от век“, додаде Путин.

Претседателот им се заблагодарил на сите работници во нуклеарната индустрија за квалитетна работа и одличните резултати и им посака успех.

Оваа година руската нуклеарна индустрија одбележува 75 години постоење. Државната корпорација „Росатом“ е една од водечките технолошки компании, која обединува енергетика, машинство и градежништво.

„Росатом“ е една од десетте најголеми компании во светот, со 400 компании и организации во кои работат повеќе од 250.000 вработени.

 

loading...

Слични содржини