Путин: Руската вакцина е најдобрата во светот

од Nikola Popovski

Рускиот претседател Владимир Путин смета дека руската вакцина против вирусот корона најдобро се покажала во светот. Сега нејзината супериорност е очигледно потврдена и во пракса, вели тој.

„Руската вакцина е, очигледно најдобра во свеетот. Ние го знаевме и претходно порано, а сега се покажа и во пракса“, рече Путин за време на видео-конференција со членови на владата.

Според него, „ниеден друг препарат од овој тип не покажала такво ниво на заштита и таков степен на безбедност“.

„Тоа е несомнено успех на нашите експерти, наши научници“, истакнал претседателот.

Рускиот лидер на состанокот со членовите на владата привлече внимание на фактот дека во некои земји има забележителен пораст на бројот на заразени со коронавирус и дека не е јасно со што е поврзано: дали со нови видови или поради празници.

„Треба да знаеме точно. Знам дека имаме и нови соеви, нашите експерти работат на тоа. Треба да видиме како ќе функционира руската вакцина во услови на појава на бројни соеви“, рече Путин.

Слични содржини