Путин: Руските системи за противвоздушна одбрана го „кршат“ украинското оружје како ореви

од Stefanija Kuzmanovska

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека руските системи за противвоздушна одбрана во Украина го „кршат“ украинското оружје како ореви.

„Нивните системи за противвоздушна одбрана пукаат како ореви, десетици се уништени“, рече Путин во интервју за телевизијата „Русија 1“, пренесува РИА Новости.

Русија започна специјална операција во Украина на 24 февруари. Претседателот Владимир Путин рече дека нејзината цел е „да ги заштити луѓето кои осум години биле изложени на геноцид од режимот во Киев“.

Според руското Министерство за одбрана, главните задачи од првата фаза се веќе завршени – борбениот потенцијал на Украина е значително намален. Главната цел сега е ослободување на Донбас.

Слични содржини